Адријана Лима моментално е ѕвездата во Турција која привлекува најмногу папараци.
Атрактивната Бразилка, за која пред неколку дена се дозна дека е во врска со турскиот писател Метин Хара, беше фотографирана додека се сончаше на приватен имот и за време на вечерно излегување со новата љубов.
Во интервју за турските медиуми, Хара ја потврди својата врска со ангелот на Victoria’s Secret. „Се сретнавме со Адријана во Истанбул во јуни. Сфативме дека имаме чувства еден за друг, но сè уште се запознаваме“ – изјавил тој.