Адријана Лима ги користи деновиве за семејни средби. Привлечната Бразилка го помина Националниот ден за релаксација во друштво на својот сопруг и слатките ќеркички.
Познатото семејство било фотографирано додека се упатувало на ручек во Мајами. На фотографиите Лима ја носи во рацете 11-месечната ќерка Сиена, додека Марко ја држи за рака 3-годишната Валентина.
Ова се едни од првите фотографии од малата Сиена, која се роди во септември минатата година.
Два дена претходно Лима и малата Валентина повторно биле фотографирани за време на прошетка во сончевиот град.