Адријана Лима ги потсети своите обожаватели дека е горда мајка на две девојчиња. Згодната Бразилка сподели фотографија од 4-годишната Валентина и малата Сиена.
„Мојата сила, мојот живот, мојата среќа... Моите две ангелчиња... Мама ве сака“ – вели пораката на Лима на Instagram.
И сопругот на 32-годишната манекенка, Марко Јариќ, редовно споделува фотографии од семејната дружба со Валентина.
Адријана деновиве се вклучи во Њујоршката недела на модата. Таа дефилираше на модното шоу на Џејсон Ву.