Адријана Лима и Марко Јариќ по разводот останаа добри пријатели. Поранешните сопружници моментално уживаат во Црна Гора со своите две ќерки Валентина и Сиена, како и со свои пријатели и роднини.
Згодната манекенка сподели неколку фотографии и видеа од забавното патување.
На една од фотографиите, Лима ја држи за рака мајката на Јариќ.
Фотографии од Лима споделија и нејзини фанови кои не пропуштија да ја овековечат средбата.