Адријана Лима е пресреќна по раѓањето на здраво девојче. Убавиот ангел на „Victoria’s Secret“ се породи вчера во Њујорк и на свет ја донесе малата Сиена.
„Јас и Марко сме пресреќни што ја пречекавме Сиена во нашето семејство, а Валентина со нетрпение очекува да биде голема сестра!“ – напиша Лима на Twitter.
Бразилската убавица се запозна со кошаркарот Јариќ во 2006г., а две години подоцна се свршија на 27. роденден на преубавата манекенка. Заљубениот пар стапи во брак со романтична приватна церемонија на Св. Валентин 2009 година, а во ноември истата година Лима ја роди нивната прва ќерка, Валентина.