Ферги и Џош Духамел станаа родители на момче. 40-годишниот актер и 38-годишната пејачка ја потврдија веста за породувањето и открија дека малото бебе го добило името Аксел Џек Духамел.
Не беше тајна дека Ферги и Џош долго време се обидуваа да добијат дете. „Тој ќе биде неверојатен татко. Има природни родителски инстинкти“ – изјави пејачката од Black Eyed Peas.
Во изминативе неколку седмици Ферги присуствуваше на неколку забави организирани по повод претстојното раѓање на нејзиното прво дете.
Ферги и Џош стапија во брак во 2009 година по петгодишна врска.