Ферги е бремена. Популарната 37-годишна пејачка и нејзиниот сопруг Џош Духамел потврдија дека ќе станат родители.
„Џош и Јас и БЕБЕ правиме тројца“ – напиша таа на Twitter и испрати фотографија на која двајцата се фотографирани како деца.
40-годишниот актер неодамна ги негираше гласините дека Ферги е бремена, за сега да ги израдува фановите со среќната вест.
Ферги и Џош стапија во брак во 2009 година, по петгодишна врска.