Ферги и Џош го крстија својот син. 38-годишната пејачка и 41-годишниот актер беа фотографирани додека заминуваа од црква во Брентвуд, Калифорнија.
Малото бебе кое се роди пред три и пол месеци го доби името Аксел Џек Духамел.
Ферги не се двоуми кога станува збор за проширување на семејството. „Да, сакаме уште деца“ – изјавила таа.
Пејачката на The Black Eyed Peas се породи на 29 август. Не беше тајна дека Ферги и Џош долго време се обидуваа да добијат дете. Парот ја круниса својата петгодишна врска со брак во 2009 година.