Ферги и Џош Духамел го одведоа слаткиот син Аксел на неговиот прв бејзбол натпревар.
Познатото трио позираше на теренот во стадионот Доџер пред Џош да го отвори натпреварот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Бостон Ред Сокс. 43-годишниот актер во моментов го промовира својот нов филм „Spaceman“.
Ферги на Instagram сподели видео од трибините во кое вели дека тоа е првиот бејзбол натпревар на Аксел.
41-годишната пејачка беше фотографирана и додека се упатуваше со Аксел во парк во Брентвуд, Калифорнија. Дуото мајка-син изгледаше неодоливо облечено во рок стил.
Вчера, Џош и Ферги исто така присуствуваа на премиера на „Spaceman“ во Западен Холивуд. „Spaceman“ ќе започне да се прикажува во САД на 19 август.