Сулејка Ривера буквално блесна на црвениот тепих на 60-тото издание на Греми наградите.
Атрактивната девојка од спотот за „Despacito“ магнетски привлекуваше погледи на манифестацијата која се одржа во Њујорк.
Убавата Порториканка го истакна својот сексапил во проѕирна креација од дизајнерката Јанина Азар.
Ривера во златен костим со реси танцуваше на сцената со Луис Фонси и Деди Јенки, додека тие го изведуваа големиот музички хит „Despacito“.