Сулејка Ривера ги размрда прстите на фоторепортерите на доделувањето на Billboard Latin Music Awards. На црвениот тепих во Лас Вегас, ѕвездата од спотот за „Despacito“ се појави во креација која не трпи долна облека.
Својот стајлинг, 30-годишната Порториканка го надополни со златни сандали, големи златни алки и долга плетенка.