Сулејка Ривера не остана незабележана на доделувањето на „Latin AMA 2021“.
На свеченоста во Флорида, 33-годишната ѕвезда од спотот за „Despacito“ го истакна својот сексапил во делумно проѕирна креација со шлиц и разголен грб.
Фустанот е дело на венецуелскиот дизајнер Усама Иштај.
На сивиот тепих, Ривера позираше и со пејачката Ана Барбара.
Ривера се стекна со светска слава како главна ѕвезда во спотот за музичкиот хит „Despacito“.