Бергузар Корел и Халит Ергенч објавија дека очекуваат ќерка, една година по раѓањето на нивното второ дете.
38-годишната актерка објави фотографии од моментот кога им го откри полот на бебето на колегите и пријателите. Имено, таа ја соопшти веста преку торта во чиј центар има фигура со бебе со розови цветови.
„Бог знае колку го посакував ова... Да имаме големо семејство и здрави и среќни деца“ – напиша таа.
Бергузар кај нас е позната по улогата на Шехерезад, а 51-годишниот актер е познат по улогата на Онур во серијата „1001 ноќ“. Тие се едни од најпознатите актери во Турција и заедно имаат два сина - Али и Хан.
Парот е во брак од 2009 година.