Туба Бујукустун мамеше погледи и комплименти на црвениот тепих во Ријад.
42-годишната ѕвезда од турската серија „Аси“ му го довери својот изглед на Жан Пол Готје на доделувањето на „Joy Awards“. Турската актерка избра креација од колекцијата висока мода 2009 година од врвната модна куќа. Својот изглед Туба го надополни со накит од Шопард.
Туба ја додели наградата „Омилен актер“.
Таа сподели албум со фотографии од настанот и од подготовките и напиша:
„Од магичната и инспиративна вечер во Ријад. Благодарна сум за неверојатната енергија со којашто бев опкружена“.
Бујукустун кај нас е најпозната по улогите во сериите „Аси“ и „Ќерката на амбасадорот“.