Милош Биковиќ и Ивана Малиќ го одведоа нивното едногодишно синче на планина.
Згодниот српски актер и неговата избраничка уживаа со малиот Василије, кој се санкаше на снегот. Фотографии од овие семејни моменти сподели Ивана на Instagram.
Два дена пред Нова година, Малиќ објави и романтична фотографија со Милош од нивно вечерно излегување.
Биковиќ и Малиќ за првпат се појавија заедно во јавност во 2021 година. Тие станаа родители на 9 јануари минатата година.