Фитнес ѕвездата Сенада Грека непрекинато нижи успеси, помагајќи им на милиони жени да го трансформираат своето тело и да станат најсилната верзија од себеси.
42-годишната Албанка, која во тинејџерските години се пресели во САД, соработува со многу познати личности како што се Ким Кардашијан, Миранда Кер и Ева Лонгорија. Нејзините тренинзи и совети секојдневно допираат до над 5 милиони жени кои го следат нејзиниот Instagram профил.
Неодамна, Сенада сподели 5 скапоцени лекции за сите оние кои се на почетокот од нивното фитнес патување или кои допрва сакаат да започнат.
Таа и самата го има поминато тешкиот процес на фитнес трансформација. Грека признава дека во минатото гладувала и вежбала прекумерно, што довело до големи флуктуации во нејзината тежина. Водена од сопственото искуство, инспиративната ѕвезда пишува:
„Целењето кон тоа да бидам ‘тенка’ беше како да бркам подвижна мета. Видов јо-јо ефект во мојата тежина, гладував и се прејадував. Никогаш не се чувствував физички, емоционално и ментално стабилно.“
„Откако мојот мајндсет се насочи кон сила, никогаш не погледнав наназад. Никогаш не сум се чувствувала посамоуверено, не се мерам на вага и никогаш не сум била постабилна во тежина, ментално и емоционално“.
5 лекции кои ги научив откако ја променив мојата цел од „слаба“ во „силна“
- Твојата вредност НЕ Е само бројка. Заборави на вагата. Вистинската победа е како се чувствуваш – енергетична, силна и незапирлива.
- Сила пред големина. Стремежот кон „слаба“ ме направи слаба, уморна и кршлива. Градењето сила ми даде цел, моќ и самодоверба.
- Давај му гориво на твоето тело, не го изгладнувај. Храната не е непријател – таа е гориво. Научив да јадам за да го негувам моето тело, не да го казнувам.
- Прогресот бара време. Вистинските промени не се случуваат преку ноќ. Конзистентноста секојпат ја победува совршеноста.
- Менталната сила е сè. Фитнесот е прашање на мајндсет исто колку што е на мускули. Здрав ум, здраво тело.
Во друг пост за нејзината тежина, таа пишува:
Не се случи преку ноќ и не зборувам само за физичкиот аспект. Емоционалниот ролеркостер додека се обидував да бидам најтенката верзија од себеси доведе до големи промени физички и ментални. Вежбав поради погрешни причини. Гладував само за потоа да се прејадувам. Прекумерното кардио ме направи слаба. Не бев среќна
Полека започнав да го пронаоѓам патот до кревање тегови пред 8 години. Започнав да се натпреварувам и победив на неколку бодибилдинг натпревари, но повторно имав екстремни флуктуации. Одлучив дека тоа не е за мене.
Тогаш започнав да се фокусирам на добивањето сила и вежбање за да бидам долгорочно најздрава верзија од себеси, ментално и физички. Тогаш сè се промени. Никогаш не сум држела диета оттогаш, ниту сум вежбала екстремно. Сега сум постабилна отсекогаш, ментално и физички и сакам да им помогнам на колку што е можно повеќе жени.
Сенада е родена во Елбасан, Албанија, но уште како тинејџерка заминала во САД.