Почетна » Новости » Мода » Иванка Трамп како Одри Хепберн на инаугурациските балови на татко ѝ Доналд

Иванка Трамп како Одри Хепберн на инаугурациските балови на татко ѝ Доналд

Иванка Трамп остави силен впечаток на инаугурациските балови на нејзиниот татко Доналд.

43-годишната мајка на три деца блескаше во впечатлива креација која е копија на фустан кој Одри Хепберн го има носено во 1954 година.

Станува збор за креација од Ибер де Живанши која била создадена специјално за Одри за нејзината улога во филмот „Sabrina“. Ова иконско дизајнерско дело зрачи со безвременска елеганција и модерна софистицираност, зачинети со префинет луксуз.

Трамп

Својот изглед, Иванка во комплетираше со елегантни црни ракавици и дијамантски накит.

Трамп

Иванка била среќна и горда што доби шанса да ја носи оваа креација. „Одри Хепберн долго време е лична инспирација за Иванка. Таа смета дека е голема привилегија да се испочитува нејзиното наследство и е неверојатно благодарна што тимот на Живанши го оживеа овој момент“ – стои во официјално соопштение од претставник на Белата куќа.

Иванка танцуваше со својот сопруг Џаред Кушнер.

Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21861 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.