Кортни Кокс го прослави 55-тиот роденден со најблиските пријателки, меѓу кои беа и нејзините колешки од серијата „Пријатели“.
Славната актерка сподели фотографија на која позира со Џенифер Анистон и Лиса Кудроу и ја разбуди носталгијата кај фановите на нивната мега-популарна серија.
„Колку голема среќничка сум што го славам роденденот со овие две??? Ве сакам девојки. Многу“ - напиша таа.
Лиса објави селфи со филтер и ѝ порача на славеничката: „Само запомни Корт, СЕКОГАШ ќе бидам постара од тебе. Среќен роденден, прекрасна Кортни!“
Трите ѕвезди, кои се многу блиски и во реалниот живот, десет години ги имаа улогите на Моника, Рејчел и Фиби во „Пријатели“.