Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт и Џастин Бибер со најмногу награди на MTV EMA 2012

Тејлор Свифт и Џастин Бибер со најмногу награди на MTV EMA 2012

Синоќа во Франкфурт се одржа доделувањето на Европските музички награди на MTV. Хајди Клум ја водеше свечената манифестација која донесе на сцената светски познати изведувачи како Рита Ора, Тејлор Свифт, Карли Џепсен, Алиша Кис, Питбул, Псај, No Doubt и Muse.

Хајди КлумХајди Клум

Најголеми победници на вечерта беа Тејлор Свифт и Џастин Бибер со по три добиени награди. 22-годишната пејачка, која го означи крајот на забавната манифестација со изведбата на „We Are Never Ever Getting Back Together“, беше прогласена за Најдобар женски изведувач. За да ја добие посакуваната титула таа ги победи Пинк, Ники Минаж, Кети Пери и Ријана.

Тејлор СвифтТејлор Свифт

Џастин Бибер, кој не беше присутен лично да ги прими наградите, беше прогласен за Најдобар машки изведувач и Најдобар поп изведувач.

Карли ЏепсенКарли Џепсен

Наградата за Најдобра песна заврши во рацете на Карли Џепсен за хитот „Call Me Maybe“, додека статуетката за Најдобро видео му припадна на Псај, за неговиот вирален хит „Gangnam Style“.

Псај

Еве ја целосната листа на победници:

MTV European Music Awards 2012

Best Female: Тејлор Свифт
Best Male: Џастин Бибер
Best Pop: Џастин Бибер
Best Song: Карли Џепсен – „Call Me Maybe“
Best Rock: Linkin Park
Best Video: Псај – „Gangnam Style“
Biggest Fans: One Direction
Best Alternative: Лана Дел Реј
Best Hip Hop: Ники Минаж
Best World Stage: Џастин Бибер
Best Push: Карли Џепсен
Best New: One Direction
Best Electronic: Дејвид Гета
Best Live: Тејлор Свифт
Best Look: Тејлор Свифт
Global Icon: Витни Хјустон
Best Worldwide Act: Han Geng

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.