Тејлор Свифт присуствуваше на доделувањето на видео музичките награди на MTV. 32-годишната пејачка се закити со три награди за „All Too Well“, меѓу кои и Спот на годината.
Музичката ѕвезда го разголи своето тело во проѕирен мини фустан украсен со кристали. Креацијата е дело на модната куќа Оскар де ла Рента.
Во својот стајлинг, Тејлор додаде сандали од Кристијан Лобутин и накит од Лорејн Шварц.
Тејлор ги израдува своите обожаватели и најави нов студиски албум кој ќе излезе на 21 октомври.
За забавата по церемонијата, Тејлор се пресоблече во ѕвезден аутфит.