Ештон Кучер не може да ја сокрие насмевката додека си игра со малата ќерка Вајат Изабел. 37-годишниот актер беше мета на папараците додека се релаксираше на приватна забава во Мајами.
На фотографиите може да се види Мила Кунис, која разговара со останатите гости, меѓу кои се и Гвинет Палтроу и Боно.
Ештон и Мила станаа родители во октомври минатата година. Иако се смета дека парот тајно стапи во брак, популарните актери досега немаат потврдено дека се сопруг и сопруга.
Ѕвездите од „That '70s Show“ привлекоа стотици илјади лајкови и коментари на Facebook со селфи од спортски натпревар.