Ештон Кучер и Мила Кунис беа мета на Kiss Cam, камерата која лови љубовни партнери во публиката за да се бакнат за време на паузите од натпреварите.
Штом забележа дека погледите се насочени кон нив, славниот актер шеговито си ги навлажни усните и ја бакна својата сопруга.
Популарната двојка, која има две деца, присуствуваше на хокеј натпревар во Лос Анџелес. Слаткото видео ги освои сите нивни фанови.