Мила Кунис и Ештон Кучер го дадоа својот глас на претседателските избори во САД. Холивудскиот пар беше фотографиран од папараците кога си заминуваше од избирачкото место во Беверли Хилс.
37-годишната актерка и 42-годишниот актер беа придружувани од 6-годишната ќеркичка Вајат Изабел и 3-годишното синче Димитри.
Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. Нивната врска беше потврдена во 2012 година, а стапија во брак во 2015 година.