Тара Рид со две фотографии поттикна бран коментари за нејзиниот изглед на Instagram. 45-годишната актерка сподели црно-бели фотографии на кои позира во бикини и наиде на многу критики.
Многу фанови изразија загриженост за нејзиното здравје, а други пак и порачаа да „стави малку месо на коските“.


Рид не чекаше долго пред да возврати, потенцирајќи дека не е преслаба, туку дека има брз метаболизам.
„За сите кои во нивните важни коментари ја изразија омразата кон мојата уметничка слика која ја објавив вчера: До аголот е. Еве друга фотографија од вчера за да ви покажам дека не сум преслаба, имам брз метаболизам. Секој кој има брз метаболизам разбира дека е невозможно да качи тежина. Постојано јадам.“
„За сите кои напишаа нешто убаво и стоеја зад мене: Ве сакам! Продолжете да ширите љубов, тоа е единственото нешто што ќе го спаси светот“ – напиша таа и сподели уште една бикини фотографија.
