Тара Рид неколку месеци ги загрижува своите обожаватели со преслабата фигура.



Иако Рид отсекогаш била слаба, пред повеќе од 10 години си направи липосукција за обликување на телото. Но, поради лошо изведената липосукција, нејзиниот стомак остана збрчкан и овиснат, па подоцна мораше повторно да легне под нож за да ги коригира грешките. „Си направив липосукција иако бев слаба. Нема да лажам дека сакав „плочки“ на стомакот“ – призна таа пред неколку години.
Новите фотографии ги поттикнаа фановите да мислат дека Рид има здравствен проблем. „Јас сум девојка со мали коски. Јадам, јадам, јадам. Некои луѓе јадат премногу и им викате дека се дебели. Јас сум таква каква што сум“ – изјавила Рид во врска со критиките за тежината.





