Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Стајлингот на Викторија и Дејвид Бекам на кралската свадба

Стајлингот на Викторија и Дејвид Бекам на кралската свадба

Викторија и Дејвид Бекам беа меѓу првите гости кои утрово пристигнаа во Вестминистерската опатија за да бидат сведоци на „венчавката на столетието“.

Бремената Викторија беше облечена во тегет широк фустан со должина до колената од нејзината колекција за сезоната есен/зима 2011. 37-годишната дизајнерка, која е во седмиот месец од бременоста, со широкиот фустан во минималистички стил се обиде да го сокрие големото стомаче.

Викторија и Дејвид Бекам Викторија и Дејвид Бекам

Популарната г-ѓа Бекам се вклопи во кралскиот стил на облекување со помош на шапка во форма на бонбона од познатиот дизајнер Филип Трејси. Гламурозната шапка Викторија ја искомбинира со едноставна фризура коњско опавче.

И се разбира, модерната сопруга на Дејвид не ги избегна високите потпетици по кои е препознатлива. Таа изгледот го комплетираше со високи сатенски чевли од Кристијан Лобутин.

Викторија и Дејвид Бекам Викторија и Дејвид Бекам

Дејвид пак се појави во костум од линијата Ralph Lauren Purple Label, во комбинација со посветла вратоврска. На десната страна 35-годишниот фудбалер го носеше својот OBE (Order of the British Empire) медал.

Како и Викторија, и Дејвид носеше шапка од Филип Трејси за да го комплетира својот традиционален англиски изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19764 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.