Пирс Броснан и Кили Смит негуваат еден од најстабилните бракови во Холивуд и секогаш изгледаат заљубено.
Нивниот одмор во Италија не беше исклучок.
64-годишниот актер, познат по улогата на Џејмс Бонд, не можеше да ги тргне своите раце од 53-годишната новинарка. Парот си разменуваше нежности додека пливаше и пловеше со гумен чамец. На дел од фотографиите, Броснан грижливо ја покрива со крпа и марама својата сакана.
По повод Денот на таткото, Кили објави фотографија од младоста за да му го честита празникот на својот сопруг.
Броснан и Смит се заедно од 1994 година и заедно имаат два сина. Парот стапи во брак во 2001 година.