Пирс Броснан ѝ приреди романтично изненадување на сопругата Кили за нејзиниот 60-ти роденден.
За овој голем јубилеј, 70-годишниот актер од филмовите за Џејмс Бонд ѝ подари букет од 60 ружи. „Шеесет ружи за мојата девојка со кафени очи за нејзиниот 60-ти роденден. Среќен и благословен сум што седев таму кога помина зад аголот тоа утро во Кабо Сан Лукас“ – напиша Пирс, присетувајќи се на нивната прва средба во 1994 година.
Пирс и Кили се венчаа во 2001 година и сега, 22 години подоцна, сè уште имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.