Пирс Броснан и Кили Смит можат да се гордеат со еден од најстабилните бракови во Холивуд. Популарниот пар непрекинато покажува дека љубовта може да трае вечно.
На галата на amfAR на Азурниот Брег, 65-годишниот актер си разменуваше бакнежи и нежности со неговата 54-годишна сопруга.
Холивудскиот заводник, познат по улогата на Џејмс Бонд, е во врска со Смит од 1994 година. Тие стапија во брак во 2001 година.