Со секое заедничко појавување во јавност, Пирс Броснан и Кили Смит изнудуваат коментари дека изгледаат заљубено и среќно.
Парот изгледаше како да е на меден месец додека уживаше на Хаваи по повод 64-тиот роденден на Броснан.
Холивудскиот заводник, познат по улогата на Џејмс Бонд, уживаше со 53-годишната сопруга со која е заедно од 1994 година.
Броснан и Смит, кои заедно имаат два сина, минатиот месец беа фотографирани на гала во Лос Анџелес. Веднаш се гледа зошто нивниот брак се смета за еден од најстабилните во Холивуд.
Три години пред да ја сретне Кили, Пирс ја изгуби првата сопруга поради рак на јајниците. За големата загуба, тој има изјавено: „Кога твојот партнер има рак, животот се менува. Затоа што се соочуваш со смртта. Кејси беше многу позитивна за животот. Имаше неверојатна енергија и поглед кон животот. Тоа беше и сè уште е ужасна загуба и го гледам тоа одвреме-навреме во моите деца.“