Слободно може да се каже дека Лорен Конрад е превозбудена што ќе стане мајка. На својот блог, 30-годишната дизајнерка сподели фотографија на која позира во тесен фустан кој го истакнува нејзиното трудничко стомаче.
На неа, Конрад со нежна насмевка на лицето го гледа стомачето во кое расте нејзиното бебенце.

Ова ќе биде прво дете на Конрад и Вилијам Тел, кои запливаа во брачните води на 13 септември 2014 година. Таа објави дека е бремена пред една недела со фотографија од ултразвук.
„Среќна Нова година! Имам чувство дека 2017 ќе биде најдобрата година досега“ – напиша таа во описот на фотографијата на Instagram.

