Се сеќавате ли на мексиканскиот заводник Фернандо Колунга?
Тој беше дел од четиридневниот филмски фестивал „Cana Dorada“, кој секоја година се организира во Пунта Кана во Доминиканската република.
Познатиот мексикански актер кај нас се прослави со улогите во теленовелите „Есмералда“, „Злобница“ (La Usurpadora), „Прегрни ме цврсто“ (Abrázame muy fuerte) и „Никогаш нема да те заборавам“ (Nunca Te Olvidare). Тој денес има 53 години, но изгледа како воопшто да не остарел.
На свеченоста, Колунга се фотографираше со својата колешка од „Прегрни ме цврсто“ Арасели Арамбула, со Зулејка Ривера и со Мерјем Узерли, која ја доби наградата за Најдобра интернационална филмска актерка.
Колунга е еден од најпознатите актери во теленовели на сите времиња.
Основната цел на фестивалот „Cana Dorada“ е да создаде мост помеѓу латино шоу-бизнисот и холивудската индустрија.