„Злобница“ беше една од најгледаните мексикански теленовели кај нас пред повеќе од две децении, а најверојатно сè уште ќе ги паметите главните ѕвезди.
Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга се обединија повторно 25 години по емитувањето на телевизиската серија, а фотографија од нивната средба стана хит.
50-годишната актерка имаше двојна улога и во серијата се појави како Паола и Паулина, близначки кои беа разделени по раѓањето и во одреден период си ги заменија своите животи.
Фернандо го глумеше Даниел Брачо, сопругот на Паола. Тој денес има 57 години и изгледа како воопшто да не остарел.
Заедно со Габриела и Фернандо позираше и актерот Марсело Буке, кој во серијата го глумеше Родриго Брачо.