Почетна » Новости » Животни стории » „Есмералда“ се отвори за животот со дете со Даунов синдром: „Се чувствувам како среќничка“

„Есмералда“ се отвори за животот со дете со Даунов синдром: „Се чувствувам како среќничка“

Летисија Калдерон отворено зборуваше за животот со дете со Даунов синдром и за моментот кога дознала за неговото нарушување по породувањето.

49-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Есмералда во истоимената серија, сними интервју за ТВ „Hoy“ во кое изјави дека била многу исплашена кога се родил нејзиниот син Лусијано бидејќи не знаела ништо за ова нарушување, но дека сега се чувствува како среќничка што го има.

Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон

„Кога се роди Лусијано, моите први чувства беа загриженост, страв, незнаење, затоа што не знаев апсолутно ништо за Дауновиот синдром... Се чувствувам како среќничка што имам дете со Даунов синдром дома, бидејќи ми го промени погледот кон животот, ме научи да ценам многу нешта. Тие се деца кои се борат, тие се воини“ - вели таа.

Лети е самохрана мајка на Лусијано и на Карло, која дава сè од себе за да им овозможи и на двете дечиња нормален живот.

„Секој ден ми се заблагодарува затоа што сум му направила ориз, затоа што сум го однесла на училиште, затоа што сум го одвела да гледа филм, затоа што сум му мајка, затоа што имал убав ден“ – рекла познатата Мексиканка за малиот Лусијано.

Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон

Видео

Во интервју направено пред неколку години, Калдерон откри дека не знаела дека нејзиниот син има Даунов синдром сè до раѓањето. Иако плачела поради страв кога се родил Лусијано, сега таа го нарекува Дауновиот синдром „синдром на љубовта“.

„Ми рекоа дека има Даунов синдром. Никогаш не се запрашав зошто тоа ми се случи мене, туку зошто се случи. 'Што се случи докторе? Вие ми рековте дека сè е во ред. Внимавав, никогаш не плачев поради расправија во бременоста, пешачев секој ден...' Тој ми рече: 'Лети тоа нема никаква врска, ова е генетика'. Кога ми објаснија што е Даунов синдром, плачев“ - раскажа таа.

„Потоа само добив желба да си го видам синот. Ги тргнав сите жици од мене, отидов таму. Го бакнав и за мене беше прекрасен“ – изјавила таа и додала дека во тие моменти воопшто не се грижела за изгледот на нејзиниот син бидејќи тој бил совршен, туку за проблемите со срцето кои ги имал како последица на неговото нарушување.

Во првите месеци од животот на Лусијано, Лети криела дека тој е роден со Даунов синдром од сите, вклучително и од членовите на нејзиното семејство.

Но, сега таа се гордее со својот син, постојано зборува за Дауновиот синдром и споделува семејни фотографии за да ја подигне свеста на луѓето.

„Среќен ден на синдромот на љубовта!!! Те сакам“ – напиша таа на Twitter на Денот на лицата со Даунов синдром.

Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон Летисија Калдерон

Двата сина на Летиција се од нејзиниот поранешен сопруг Хуан Коладо, со кого таа се разведе во 2007 година, по осум години поминати заедно.

Летисија Калдерон Летисија Калдерон

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.