Рајан Гослинг и Ева Мендес се посветени родители кои се обидуваат да ги задржат своите деца подалеку од медиумските лупи. Сепак, згодниот актер не ги избегна папараците кога се забавуваше со својата поголема ќерка Есмералда во парк.
Гослинг беше фотографиран додека се возеше на вовче во Лос Анџелес со малото девојче.
35-годишниот актер и 42-годишната актерка на 29 април добија уште една ќерка, која ја крстија Амада. Рајан и Ева се запознаа на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“, а ја започнаа својата врска во септември 2011 година.