Летисија Калдерон ја освои македонската јавност кон крајот на 90-тите години со улогата на слепа девојка во теленовелата „Есмералда“.
Мексиканската актерка сè уште е присутна на ТВ екраните. Сега таа има 48 години, а нејзиниот најнов проект е серијата „Mujeres de negro“.
Откако стекна голема популарност со „Есмералда“, Летисија со леснотија привлекуваше нови и нови улоги, но направи осумгодишна пауза во кариерата (2000-2008 година) за да им се посвети на децата. Таа е мајка на две момчиња, од кои едното има Даунов синдром.