Сандра Булок со софистициран изглед шармираше на британската премиера на „The Lost City“.
57-годишната актерка зачекори на зелениот тепих во Лондон во црн костум со впечатлив детаљ во розови и виолетови нијанси од Каролина Ерера.
Филмската ѕвезда позираше со колегите од филмот – Ченинг Тејтум и Даниел Редклиф.