Дамијано Давид, Викторија Де Ангелис, Томас Раги и Итан Торчио не дозволуваат да останат незабележани на големите манифестации.
Членовите на италијанската група Måneskin зачекорија на црниот тепих на доделувањето на MTV VMA во креации со рокерски шмек.
Сите комбинации доаѓаат од модната куќа Гучи.
Måneskin беа добитници на три награди: Најдобро алтернативно видео за „I Wanna Be Your Slave“, Најдобри нови артисти и Група на годината.
Тие настапија на сцената со песната „Supermodel“.