Måneskin уживаат во големата слава по победата на Евровизија. Италијанскиот бенд сега има нова песна.
„По Евровизија, големо внимание беше насочено кон нас. Многупати правевме нешто што мислевме дека е одлично, а луѓето го критикуваа. Сакав тоа да го преточам во стихови, бидејќи се случува многу често – правите нешто што сметате дека е добро, но луѓето не го разбираат и даваат лоши коментари за тоа. Сакав да се пошегувам со таа ситуација“ – изјавил фонтменот Дамијано Давид.
Слушнете ја „MAMMAMIA“:
„Имавме само неколку дена за да одиме во студиото и да создадеме нова музика. Но, за среќа, оваа песна излезе само за неколку часови. Се состави многу природно. Ние само се обидувавме да се забавуваме и да уживаме во тоа“ – велат од бендот.