Принцезата Јуџини денес стапи во брак со Џек Бруксбанк на церемонија која се одржа во катедралата „Сент Џорџ“. Роби Вилијамс беше еден од славните гости кои присуствуваа на кралската свеченост.
44-годишниот пејач беше придружуван од сопругата Ајда и нејзината мајка Гвен. Славното семејство изгледаше елегантно додека чекореше кон влезот.
Гордите родители Роби и Ајда ја гледаа својата 6-годишна ќерка Теодора додека чекореше кон олтарот меѓу малите придружници на невестата. Ова е првпат тие да ја покажат ќеркичката пред јавноста.
Минатиот месец, Роби и Ајда објавија дека го добија своето трето дете со помош на сурогат мајка.