Приказна за голема измама се распространува ширум светот.
Жена од Франција била измамена од непознати лица онлајн, кои се преправале дека се Бред Пит. Со помош на вештачката интелигенција тие генерирале лажни фотографии, на кои Пит лежи во болница и постојано ѝ изјавува љубов.
Во еден момент, преварантите измислиле дека Бред боледува од рак и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да ги користи сопствените пари, сè со цел да извлечат колку што може поголема сума на пари од невината жена.
Тие ја измамиле Ани да им испрати над 800.000 долари, што таа за жал го направила.
Приказната најпрво била споделена преку француската телевизија TF1, но подоцна била повлечена.
Според тие информации, Ани најпрво добила повик од „мајката на Бред“, која ѝ рекла дека таа е совршена жена за нејзиниот син.
„Најпрво, си реков себеси дека е смешно, дека е лажно. Но, не сум навикната на социјалните мрежи и не разбирав што навистина ми се случува“ – изјавила таа.
Првичната сума на пари која ја испратила била речиси 10.000 евра, за да ги плати царинските давачки за подароците кои наводно Бред ѝ ги испратил.
Откако им кажала на измамниците дека штотуку се разведе, тие веднаш смислиле начин како да ѝ ги земат парите од разводот и да ја искористат нејзината ранлива состојба.
Тогаш, тие ѝ рекле дека Бред боледува од рак на бубрегот и дека потребен му е заем за покривање на лекарските трошоци. Тогаш, жената испратила уште 798 илјади долари.
Ани открила дека сето тоа е фарса откако онлајн прочитала за врската на Бред со Инес де Рамон. Така, таа поднела тужба и покренала потрага по лицата кои ја измамиле.
@soseriuzradio French woman who believed she was dating Brad Pitt scammed out of $800,000 #bradpitt #scammed #foryoupagee ♬ original sound - SSZRADIO