Владимир Чадиковски со причина е нарекуван „медицински херој“.
Нашиот доктор, кој има спасено стотици детски животи, во декември изврши успешна операција на најмалото бебе оперирано од него и неговиот тим, а сега го испрати дома со своите родители.
Бебенцето имаше срцева маана, а беше оперирано веднаш по раѓањето кога тежеше само 980 грама.
Видео од испраќањето беше објавено на Instagram профилот на д-р Чадиковски.
„Две близначиња – две срца поврзани уште пред да се родат. Едното бебе со срцева мана (TGA) успеа да преживее благодарение на своето братче, кое му беше поддршка во утробата. По раѓањето, веднаш ја направивме потребната операција и денес со радост ги испраќаме дома – здрави и насмеани! Најмалото бебе што сме го оперирале досега – доказ дека секој живот е чудо. Браво за тимот!“ – стои во неговата објава.
Операцијата на бебенцето беше револуционерен потег во Македонија.
„Оперирано најмало бебе досега на нашиот оддел, тешко само 980 грама, со недостаток на хранопровод и срцева мана. Браво за цел тим“– напиша докторот по операцијата.