Ќеркичката на Александар Белов наполни три години. Малата Мина славеше и се забавуваше со своите другарчиња на роденденската прослава која ѝ ја организираа нејзините родители.
Слатката славеничка ги дувна свеќичките на роденденската торта, а фотографии од детската забава споделија Белов и неговата сопруга Јелена.
„Секој ден е најубав со твојата насмевка која ја делиш со нас. Среќен 3. роденден“ – напиша тој во описот.
Фотографии: Александар Белов, Јелена Белов / Instagram