Почетна » Новости » Животни стории » Најголемата радост: Пар кој пет години се бореше со неплодност доби три бебенца одеднаш

Најголемата радост: Пар кој пет години се бореше со неплодност доби три бебенца одеднаш

По дождот, навистина доаѓа сонце.

Брачни партнери кои пет години не можеле да имаат бебенце, сега добија три одеднаш.

Шерон и Ејс Пејџ со години се обидувале да зачнат бебенце на природен начин, но неуспешно. Следејќи ја својата силна желба да станат родители, тие решиле да се обидат со инвитро оплодување.

За среќа, оплодувањето успеало со првата рунда. „Тоа беше мојот прв позитивен тест по направени стотици негативни тестови“ – рекла Шерон.

Шерон и Ејс Пејџ

На првиот преглед со ултразвук, на Шерон и Ејс им било соопштено дека очекуваат близнаци, а само неколку недели подоцна тие дознале дека ќе имаат тројка.

„Бев шокирана и загрижена, но бев многу среќна“ – рекла мајката за убавата вест.

Шерон и Ејс Пејџ Шерон и Ејс Пејџ

Во 17-тата недела од бременоста, Шерон започнала да чувствува чудни симптоми. По направените испитувања и тестирања, се покажало дека едно од бебенцата зема повеќе хранливи материи од плацентата, отколку другите две бебенца.

Тогаш, Шерон и Ејс биле исправени пред нова тешка одлука. Многумина ги советувале да абортираат едно или две од бебињата, бидејќи доколку продолжеле со бременоста, можеле да ги изгубат сите три бебенца.

„Повеќе луѓе нè советуваа да абортираме едно или две бебиња, за да му помогнеме на едното да преживее. Но, ние одлучивме да продолжиме со бременоста и сме супер благодарни што ја донесовме таа одлука“ – изјавил парот.

Шерон и Ејс Пејџ Шерон и Ејс Пејџ

Бебињата се родиле на 6 октомври во 29-тата недела од бременоста. Едното момче тежело 1,1 кг, додека другите две биле тешки по 1,2 килограми.

По неколку недели престој на одделот за неонатална интензивна нега, бебињата си заминале дома со родителите токму пред Божиќ.

Шерон и Ејс Пејџ Шерон и Ејс Пејџ Шерон и Ејс Пејџ
@thepagetrio Our crazy identical triplet journey #triplets #identicaltriplets #pregnancy #ivf #ivfjourney #nicubaby #neonatal ♬ snowfall - Øneheart & reidenshi
@thepagetrio Our identical triplet boys are reunited #identicaltriplets #NEC #triplets #tripletsoftiktok #fyp #babylove #babytiktok #nicubaby #nicustrong #mom #momlife #momtok #newborn #newbornbaby #preemie #hospital #miracle #babytok ♬ The Boys Are Back In Town - Thin Lizzy
@thepagetrio Meet our identical triplet boys #triplets #identicaltriplets #babytiktok #baby #babiesoftiktok #nicubaby #preemie #pretermbaby #mumsoftiktok #nicu #tinybutmighty #fyp #babyboy ♬ These Memories - Hollow Coves

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21703 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.