Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роберт Патинсон се плаши за својот живот

Роберт Патинсон се плаши за својот живот

Роберт ПатинсонРоберт Патинсон во улогата на вампирот Едвард Кален.

Ѕвездата на „Самрак“, Роберт Патинсон, признава дека неговиот живот станал многу поинаков откако станал славен. Во моментов целата екипа на „Самрак“ е на тура за промоција на новиот филм „Млада месечина“, во кој Патинсон ќе ја има повторно улогата на вампирот Едвард Кален.

„Сега животот ми е доста напорен. Не сум бил некаде, без луѓето да не дознаат каде сум.“

Страсните обожавателки се зад секој негов чекор, а некои дури и спијат пред неговата куќа со надеж дека ќе воспостават контакт со нивниот омилен „вампир“. Славниот актер дури и се плаши дека може да биде убиен.

Луѓето бараат од мене да ги каснам на вратот и сакаат да ми ја допрат косата. Јас само не сакам некој со игла да ми даде ХИВ и не сакам да бидам прободен со нож или прострелан.

Роберт Патинсон

Некои обожавателки ги преминуваат границите на здрав разум и се драскаат на вратот за да му ја понудат својата крв на Патинсон.

„Имаше девојки кои имаа драсканици на едната страна на вратот и крвареа кога доаѓаа за да им дадам автограм. Ќе ми речеа – го направивме ова за тебе. Што да им кажам? Благодарам?“

Пред да стане славен, животот на популарниот актер, кој им го освои срцето на милиони обожавателки, не бил ни приближно толку фасцинантен како сега.

„Бев малку чуден во средно училиште, многу недружељубив. Мојот прв бакнеж се случи кога имав 12г., но немав девојка до 18. Додека не направив 12г. моите сестри ме облекуваа како женско и ме викаа Клаудија.“

Сепак, тоа остана во неговото минато и сега Патинсон не може да се пожали дека не може да има девојка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.