Како страсна обожавателка на Лејкерси, Ријана од трибините му ја искажа поддршката на својот омилен кошаркарски тим.
На натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс, 31-годишната ѕвезда навиваше покрај своето момче – Хасан Џамел.






По натпреварот, Ријана доби и дрес специјално направен за неа.

Ријана и Хасан за првпат беа фотографирани заедно во јуни 2017 година. Оттогаш медиумите многупати пишуваа за нивна разделба, но нивните заеднички фотографии ги побиваат таквите гласини.

Хасан е наследник на „Abdul Latif Jameel“, една од најголемите компании во светот. Семејството на 30-годишниот бизнисмен е ексклузивен дистрибутер на Toyotа за Саудиска Арабија и е на 12-то место меѓу најбогатите Арапи во светот.

Пред два дена, пејачката од Барбадос беше фотографирана во зелен фустан за забавата за нејзиниот роденден.


