Ријана ја разбуди љубопитноста на фановите и медиумите откако беше фотографирана со новата љубов во нејзиниот живот.

Музичката ѕвезда беше уловена додека се бакнуваше во базен во вила во Шпанија со нов партнер и не измина многу време пред да биде откриен неговиот идентитет.


Станува збор за Хасан Џамел, наследник на „Abdul Latif Jameel“, една од најголемите компании во светот. Семејството на 29-годишниот бизнисмен е ексклузивен дистрибутер на Toyotа за Саудиска Арабија и е на 12-то место меѓу најбогатите Арапи во светот.


Парот беше фотографиран на Ибица во лежерно издание.




Хасан претходно беше во врска со Наоми Кембел. Популарната манекенка и Ријана го прекинаа прјателството на социјалните мрежи пред неколку месеци. Сега е јасно дека причината за тоа е Хасан.

