Ѕвездите од „Пријатели“ продолжија да се дружат и по завршувањето на популарната серија.
Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу позираа заедно на свеченост во Беверли Хилс организирана од фондацијата SAG-AFTRA.
На настанот, Кокс и Кудроу се појавија на сцената за да ѝ ја доделат на Анистон наградата „Artists Inspiration“.
50-годишната Џенифер носеше црно-бел фустан, додека 55-годишната Кортни и
Трите актерки во „Пријатели“ ги имаа улогите на Рејчел, Моника и Фиби.
Кокс вчера сподели фотографија со Метју Пери, кој во серијата го глумеше нејзиниот сакан Чендлер.