Иако серијата „Friends“ (Пријатели) престана да се снима пред речиси 20 години, пријателството меѓу Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кудроу не заврши.
По повод 60-тиот роденден на Лиса, која се прослави по улогата на Фиби, двете актерки напишаа слатки пораки на Instagram за нивната пријателка.
„Ве молам придружете ми се во славењето на една од моите омилени личности на планетата. Лиса Кудроу. Таа ми е пријателка и семејство речиси 30 неверојатни години. Те почитувам и те сакам. Една од најталентираните актерки со која сум имала чест да работам сите овие славни години и многуте што доаѓаат“ – напиша Анистон.
54-годишната ѕвезда позната по улогата на Рејчел сподели и фотографии со Лиса.
„Среќен роденден... Ти си најпаметната, најзабавната и најгрижливата личност. Секогаш се чувствувам видено и сакано кога сум покрај тебе. Тоа е дарот кој им го даваш на оние кои ги сакаш“ – напиша Кортни, која за снимањето на „Пријатели“ влезе во улогата на Моника.
Серијата „Пријатели“ се снимаше 10 години, од 1994 до 2004 година. Покрај Лиса, Џенифер и Кортни, во главните улоги беа и Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.