Кортни Кокс им се придружи на великаните од светот на шоу-бизнисот.
58-годишната актерка, која ќе остане запаметена по улогата на Моника во „Пријатели“, доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. Талентираната телевизиска ѕвезда е 2.750-тата личност која го добива ова признание.
На црвениот тепих покрај ѕвездата, Кортни се обедини со своите колешки од култната серија со кои сè уште негува одлично пријателство. Џенифер Анистон и Лиса Кудроу со силен аплауз и искрена радост славеа за честа која ѝ беше доделена на Кокс.
На свеченоста присутни беа и нејзиниот партнер Џони Макдејд и нејзината ќерка Коко.